Јавното претпријате „Куманово- паркинг“ до крајот на годинава ќе обезбеди дополнителни паркинг места со проширување на зона Б. Првите педесетина места од зона Б ќе бидат во близина на основното училиште „Бајрам Шабани“, информира в.д директорот Андреја Маџовски.
– Во 2025 година ќе го започнеме пуштањето на Б зона, дел по дел, кај училиштето Бајрам Шабани“, на булеварот „Октомвриска револуција“, изјави Маџовски.
