ВИДЕО: ЈП „Чистота и зеленило“ работи со загуба

Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ и во периодот октомври – декември 2024 година работело со загуба. Ова го покажува извештајот за деловно-финансиското работење на комуналното претпријатие кој што беше разгледуван на денешната седница на Советот на општина Куманово. Претпријатието е во загуба од близу три милиони денари, односно 2.876.700 денари.

„Иако приходите во тој период во 2024 година се зголемени споредбено со истиот период во 2023 година, сепак не се доволни за да имаме позитивен финансиски биланс. Зголемени се и расходите, а тоа се должи пред се, на зголемување на материјалните трошоци и трошоците за вработените, како и основните трошоци на работењето“, рече Цветанка Ивановска, пом.директор во ЈП „Чистота и зеленило“ .

Извештајот за четвртото тримесечје е усвоено од советниците со 16 гласови „за“.