ВМРО-ДПМНЕ предлага заедничка акција за пошумување со советниците

Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Советот на Општина Куманово Елена Доцевска – Божиновска, поднесе предлог за организирање акција за пошумување во која ќе се вклучат сите советници.

– Како координатор, во име на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, до претседателот на Советот на Општина Куманово, г-ѓа Ивана Ѓорѓиевска, доставив Предлог-иницијатива за организирање акција за пошумување во која ќе се вклучат сите советници, со цел покрај протоколарната Конститутивна седница, позитивно да го означиме стартот на мандатот на новиот состав на Советот на Куманово, соопшти Доцевска – Божиновска на социјалните мрежи. – Искрено се надевам дека иницијативата ќе биде прифатена и реализирана со покажан интерес од сите 33 советника. Намерата на нашата советничка група е ваквата акција да биде редовна во секоја една урбана и месна заедница каде советниците заедно со сограѓаните од тие заедници ќе придонесат за поубаво и поздраво Куманово, објави Доцевска – Божиновска.