Возило излетало надвор од коловоз, тешко повреден возачот

МВР информира дека вчеравечер во 21.10 часот било пријавено дека на улицата „1“ во село Долно Којнаре, патничко возило „хјундаи“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 49-годишен жител на село Лопате, излетало надвор од коловозот и удрило во бетонска ограда и паркирано патничко возило „шкода“ со кумановски регистарски ознаки.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Куманово, соопшти МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.