Жител на кумановското село Пелинце загинал превртувајќи се со трактор. Секторот за внатрешни работи информира дека синоќа околу 21.30 часот во СВР Куманово е пријавено дека во Пелинце, на местото викано „Искра“, 67 -годишен жител на селото додека управувал трактор „Фергусон 539“ се превртел и починал на местото на несреќата.
Лекар констатирал смрт, а увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на СВР Куманово. На терен интервенирала и противпожарна екипа на ТППЕ Старо Нагоричане.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција, информираат надлежните.
