Вчера околу 07.50 часот на крстосница од улиците „Тоде Думба“, „Драган Стопаревиќ“ и „Панчевачка“ патничко моторно возило „цитроен“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(60 години) удрило во Б.П.(83 години), информира Министерството за внатрешни работи. Во несреќата Б.П. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Општа болница Куманово. Екипа од СВР Куманово извршила увид.
Во сообраќајна незгода повредена 83-годишна жена
