Во средното училиште „Перо Наков“ одбележан Денот на европските јазици

Во средното училиште „ Перо Наков “ денеска се одбележа Денот на европските јазици. Настанот беше од мултиетнички карактер во организација на Активот по јазици заедно со учениците. Во холот беа поставени изложбени штандови за македонски, англиски, француски, германски и италијански јазик, со пригодни културни и традиционални одбележја, како и интерактивни активности во кои можеа да се вклучат посетителите на самите штандови.

„Со овој настан, училиштето „Перо Наков“ се приклучува кон традиционалното одбележување на овој значаен ден, кој се прославува ширум Европа“, изјави директорката Мила Жибак- Димковска.

Коментари

коментар(и)