Наградата за најдобра претстава на 26-то издание на Меѓународниот театaрски фестивал „Денови на комедија “ вчеравечер на сцената на НУЦК „Трајко Прокопиев“ во Куманово беше врачена на Театар Лесковац од Србија за претставата „Чекајќи го лекарот“.
Наградите за најдобар актер и за најдобра споредна улога ги добија Александар Степанулески и Бранко Атанасов за претставата „Кафез кај Кокони“ на Драмски театар Скопје, додека Раде Василев и Елена Вангеловска за истата претстава ја добија наградата за најдобра костимографија.
Две награди од стручното жири и за претставата „Седумте стола“ на Театар Ловеч од Бугарија, и тоа Дамјан Тенев за најдобра режија и Радостина Тодорова за најдобра сценографија.
Наталија Теодосиева од Театар Комедија ја доби наградата за најдобра актерка за претставата „Илуминати“.
Со врачувањето на наградите официјално заврши овогодинешното издание на „Денови на комедија“, а љубителите на театарот имаа можност да ја проследат претставата „Обвинителка“.
