Гзим Кадриу, член на Алијанса на Албанците е нов директор на ЈП „Пазариштa“ во Куманово. Кадриу вчера ја преземал функцијата во присуство на градоначалникот Максим Димитриевски.
Кадриу по професија е правник, а досега работел во Министерството за финансии.
Тој доаѓа на местото на Илир Саити од ДУИ, кој два мандата беше в.д. директор на јавното претпријатие.
Покрај смената на Саити, минатата седмица беше сменета и в.д. директорката на основното училиште „Крсте Мисирков“, Драгица Спасиќ од СДСМ, а на нејзино место е назначен Филип Колевски, професор по физичко образование и претседател на Сојузот на спортови во Куманово.
