Гимназијалците со второ место во стрелаштво

Ученици од Гимназијата „Гоце Делчев“ учествуваа на Државен натпревар во стрелаштво кој се одржа во Охрид, каде се натпреваруваа во екипна машка и женска конкуренција.

Во машка конкуренција гимназијалците се вратија со освоено второ место, додека на прво место се учениците од Прилеп, а третопласирани се средношколците од Скопје.

Во поединечна конкуренција имаме освоено петто место, Стефановски Стефан, ученик од IV-7, птооа седмо место Јовановски Златко ученик во II-4 и Златановски Антонио, ученик во II-1.  Значи три наши стрелци се во најдобрите десет што сметам дека е солиден резултат, имајќи во предвид дека посебно овие од Прилеп и Скопје се ученици кои повеќе од пет години имаат тренирано во стрелачки спортски клубови, а ние за жал такви можности немаме тука во Куманово – изјави Драган Илиевски, наставник во Гимназија „Гоце Делчев“.

Гимназијалците од Куманово имаат можност преку вонучилишните активности да го усовршуваат стрелаштвото како спортска дисциплина, а наставникот Илиевски вели дека е задоволен од заинтересираноста која учениците ја покажуваат за овој спорт.

Секоја година речиси по десет групи се пријавуваат за стрелаштво, меѓутоа тоа е како проектна активност и нема можност сите ученици да бидат обучени и оспособени за прецизно гаѓање, меѓутоа секогаш наоѓаме можности да одреден број на ученици, посебно тие најдобрите да ги мотивираме,д а ги подготвиме и да земат учество во државен антпревар, на кој резултатите се навистина фантастични, еве тој првиот ученик има 170 круга, тоа значи дека просек му е 8,5, тоа значи дека тој погодува само во црно, 10, 9, 8, 7, друго не погодува – додава Илиевски.

Резултатите во женската конкуренција се послаби за разлика од машката, што според нивниот ментор се должи на големото искуство кои ученичките од другите градови ја имаат на полето на стрелаштвопто.

Коментари

коментар(и)