Гимназијата го одбележа Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

Под мотото: „Го сакам и го негувам мојот мајчин јазик”, Гимназијата „Гоце Делчев“ на 21 февруари го одбележа Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. На настанот присуствуваа  ученици кои покрај македонскиот го изучуваат српскиот и ромскиот јазик, како и нивни наставници од основните училишта „Браќа Рибар“ од с.Табановце, „Светозар Марковиќ“ од општина Старо Нагоричане, „11 Октомври“ и „Вук Караџиќ“.

Со пригодна програма во чест на денот се претставија и учениците од проектните активности, литературни клубови и драмски секции под менторство на Лидија Тасевска, професорка по македонски јазик и литература.

Мајчиниот јазик е првиот јазик којшто човекот го учи од неговото раѓање. УНЕСКО го прогласи во 1999 година 21 февруари за Меѓународен ден на мајчиниот јазик. Овој ден се слави низ целиот свет.