Кров на семејна куќа изгоре во липковското село Слупчане, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи. Како што појаснуваат оттаму, во пожарот целосно е изгорена кровната конструкција.
На интервенцијата биле шестмина пожарникари со две провипожарни возила. Причината за пожарот, како и висината на материјалната штета допрва ќе се утврдуваат.
