Градоначалникот Димитриевски на средба со голманот Столе Димитриевски

Градоначалникот Максим Димитриевски оствари средба со голманот на сениорската македонска фудбалска репрезентација, кумановецот Столе Димитриевски.

„Тој од летово е член на фудбалскиот клуб Валенсија, а претходно ги бранеше боите на Рајо Ваљекано, Гимнастик, Гранада, Кадиз, Работнички, Македонија ЃП. Своите почетоци ги имаше во кумановскиот клуб Куманово Еуроспорт.

За репрезентацијата на Македонија брани од 2015 година и има преку 70 настапи, меѓу другото и ги бранеше боите на Македонија и на ЕП 2020 година“, објави Димитриевски.

Коментари

коментар(и)