ВИДЕО: Градоначалникот Максим Димитриевски најави триесетина инфраструктурни проекти во Куманово

Триесетина инфраструктурни проекти во различни делови на Куманово најави градоначалникот Максим Димитриевски од населбата Зелен рид, на првиот работен ден од третиот последователен мандат.  

„Почитувани сограѓани, прв работен ден по изборот, овде сме во населба Зелен рид, на улица „Васко Карангелески“. Улица којашто носи име на еден наш великан, вистински патриот. Сакам од овде да најавам во следниот период реализација на повеќе од 30 инфраструктурни проекти во различни делови на градот, со акцент на централно градско подрачје, големите урбани населби и урбано-руралниот дел во градот. Продолжуваме заедно, ви благодарам на довербата. Куманово заслужува континуитет, вчера тоа го доби, го потврди. А моја обврска е да продолжиме заедно да го градиме Куманово. Ви благодарам уште еднаш за дадената поддршка“, порача Димитриевски.

Димитриевски денеска ја посети населбата Карпош каде што се прави партерно уредување со бекатон плочки на одредени улици.