Околу 40 илјади граѓани од денеска ќе можат да ги подигаат новите лични карти на кои ќе биде впишано новото име Република Северна Македонија. Печатењето и издавањето на личните карти е деблокирано откако Владата со подзаконски акт го овозможи тоа.
МВР два месеца не можеше да издава лични кари со новото име на државата и согласно Законот за употреба на јазиците, бидејќи во Собранието е заглавен Законот за лични карти, кој опозицијата го блокира со над 1.500 амандмани.
Старите лични карти на кои се уште не им е истечен рокот ќе важат до 12 февруари 2024 година.
