ГРОМ: На изборите победи Македонија

„На овие избори нема победници и поразени граѓани, туку победи Македонија“, ова денеска на прес конференција го изјави Зоран Петрушевски од Општинска организација ГРОМ Куманово.

Петрушевски упати и пофали за како што рече перфектно спроведените парламентарни избори.

ГРОМ ви искажува едно големо„ браво“ и едно огромно „благодариме“ за перфектно спроведените парламентарни избори со што покажавме дека сме една современа, цивилизирана, демократска и европска земја и дека умееме и можеме со силата на свеста, со силата на љубовта кон тактовината, со пенкалото да се справиме со сите антидемократски и антинародни ујдурми и концепции – рече Петрушевски.

Според Петрушевски стравот кој овие денови го чувствуваа граѓанит ена Македонија мора да се надмине и здружено да се продолжи понатаму.

Грешките кои до сега се напарвени можеа скапо да не чинат и не смеат да се повторат. Оние кои грешеа ќе се тргнат од политичката сцена, а ние ќе им ги опростиме грешкиет. ГРОМ смета дека имаме сила, имаме институции, имаме луѓе да обезбедиме подобро утре за нашиот народ и нашата држава. Во наредните неколку денови мораме ад направиме се, Макеоднија и нејзините инситутции да ги вратиме во форма, да ги извршуваат сите свои надлежности во полн капацитет – додаде Петрушевски.

Во името на Општинската организација на ГРОМ, Петрушевси се заблагодари на сите оние кои својата поддршка на изборите ја дале на Коалицијата за подобра Македонија.

Коментари

коментар(и)