Ракометарот на МРК Куманово Давид Димевски ја доби наградата за најдобар стрелец од Ракометната федерација на Македонија.
Ова признание доаѓа по неговите 237 реализирани голови.
Марија Анчева ја доби истата награда во женска конкуренција.
Македонската ракометна федерација е организатор на манифестацијата „Ракометар на годината“, каде на најуспешните спортисти им доделува признанија за нивните постигнати успеси.
