Две лица добија кривични, поради запален автомобил

Кривични пријави добија 33-годишен и 27-годишен кумановец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, информира полицијата.

Второпријавениот, на барање на првопријавениот и по претходен договор, на 08-ми декември лани, околу 18 часот, намерно предизвикал пожар на патничко возило „фиат“.