Двојно зголемен водостојот на Пчиња за само еден ден

Двојно зголемен е водостојот на реката Пчиња за само еден ден како резултат на врнежите кои изминативе денови го зафатија кумановскиот регион.

Според последните мерења извршени од Управата за хидрометеоролошки работи утринава во 07:30 часот, водостојот на Пчиња изнесува 60 сантриметри, односно двојно повеќе во споредба со вчера кога изнесувал 30.

По долг временски период за прв пат нивото на водата во Пчиња е над просекот, кој за овој период од годината изнесува 47 сантиметри.

Зголемување се бележи и на водостојот на реката Кумановка со мерна станица во село Доброшане. Вчера во 08:00 часот биле измерени 39 сантиметри, а денеска во истиот период се регистрирани 45 сантиметри.