Дел од кумановските села втор ден се без електрична енергија, реагираат мештаните до медиумите. Потврдуваат дека екипи на Електродистрибуција се на терен, но засега снабдувањето со електрична енергија не е стабилизирано.
Од Електродистибуција велат дека вчера нивни екипи веднаш излегле на терен и го нормализирале снабдувањето со електрична енергија за поголемиот дел од засегнатите села.
„Екипите продолжуваат со работа се до целосна санација на дефектот и нормализирање на снабдувањето и за преостанатиот дел од корисниците“, посочуваат од Електродистрибуција.
