Екипите за зимско одржување се на терен од раните утрински часови, се посипува сол на коловозите со цел навремено спречување на подмрзнување, објави на Фејсбук, првиот човек на Куманово, Максим Димитриевски.
„Екипите на ЈП „Чистота и зеленило“ го расчистуваат снегот на пешачките зони и распрскуваат средство против подмрзнување на пешачките зони“-напиша тој.

