Димитриeвски: Притисокот од полицијата нема да не обесхрабри

Извесен период сум предмет на вршење притисок од одредени полициски службаници. Денеска бев и физички следен и задржан час и половина. Побарав да ми се издаде потврда за задржување но не ја добив. Со придружба на полицијата, заедно со лицето кое што го управуваше возилото кое што е на лизинг и ја има сета неопходна документација, бевме пратени на технички преглед. Откако заврши прегледот беа внесени неточни податоци. Стаклата не се прекршок заради кој би се затворал градоначалникот во автомобил, истакна кандидатот за градоначалник Максим Димитревски, по денешниот настан во Куманово.

Случајот нема да го пријави во СВР Куманово, бидејќи не верува во институцијата, но аплираше до првиот човек на македонската полиција, да се расчистат претходните дела пријава за напад на јавен собир и за изнудување поткуп.

Тој им порача на граѓаните да не стравуваат од ваквите заплашувања а најави и сигурна победа во вториот круг.