Дојава за бомба во две кумановски училишта

На електронските адреси на две кумановски училишта и 16 училишта во Скопје денеска е упатена закана за поставена експлозивна направа, соопштија надлежните.  Исто така, закана била упатена и на приватни мејлови на 9 професори од истите училишта. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, соопшти Секторот за внатрешни работи Куманово.

Коментари

коментар(и)