ДПИ: Почитувајте ги замрзнатите цени!

Државниот пазарен инспекторат ги одреди казните за маркетите кои од 16 март нема да ја почитуваат владината одлука со која се определуваат највисоките цени во трговијата на мало на определени видови тестенини и одлуката за утврдување на највисоки цени на одредени видови млеко и млечни производи.

„Пазарниот инспекторат е постојано на терен со сите свои расположливи ресурси и ќе продолжи да врши надзори во согласност со законските надлежности, но и ќе постапува по Одлуките на Владата.  Во случај да се утврди прекршување на Одлуките ќе следат казни кои произлегуваат од Законот за трговија! Казните се високи и изнесуваат од 800 до 10.000 евра, во зависност од големината и видот на економскиот оператор. Затоа апелираме да се почитуваат Одлуките, а ние како институција постојано сме на терен, постапуваме во согласност со нашите надлежности“, соопштија од ДПИ.

 

Коментари

коментар(и)