Државно првенство во пливање за основци и средношколци

На затворениот градски базен денеска се одржаа  натпреварите во пливање, за ученици од основни и средни училишта, во женска и машка конкуренција, во дисциплините: слободен стил, делфин, градно и грбно пливање, за учебната 2025/26 година, на национално ниво.
Спортската манифестација ја отвори градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски.
Пред присутните се обратија и министерот за спорт, Борко Ристовски и претседателката на Федерацијата на училишен спорт на Македонија – ФУСМ, Елена Мицковска, која го организираше државното првенство во пливање, со техничка поддршка на Општинскиот сојуз на училишен спорт – ОСУС Куманово и Општина Куманово.