ДРОМ одбележа 20-годишен јубилеј

Две децении успешно постоење денеска одбележа Центарот за ромска заедница ДРОМ од Куманово, кои во изминатите години имаат реализирано над сто проекти кои се од голема важност не само за ромската заедница, туку и за другите етникуми во градот.

Како што вели извршниот директор на ДРОМ, Ахмет Јашаревски има многу работи кои се започнат, а не завршени, но во целина се задоволни од она што успеале да го постигнат во 20-годишното функционирање.

Се надевам во иднина онаа што не е завршено ќе го продолжиме, дури ќе сакаме и некои работи и активности на ДРОМ како организација да ги промениме, а тоа ќе биде организација која исклучиво има предзнак ромска невладина организација. Веќе сме познати како организација која освен што работи за Роми, работиме за сите етнички заедници и мислам дека тој тренд каде што даваме можност да бидат вклучени и други етнички заедници ќе оди во таа насока, изјави Јашаревски.

Според Јашаревски големи биле очекувањата од Декадата на Ромите, иако не успеале да постигнат премногу. Сепак се подготвува нова стратија за ромската заедница па се надеваат дека во иднина ќе остварат поголеми успеси.

Дури беше толку помпезно најавено дека ќе има ефекти и резултати, дека Ромите ќе бидат интегрирани во општеството и дека ќе има ефекти и резултати, но верувајте ми дел од таа елита, и јас сум таму вклучен, работевме на тоа поле и сакавме многу повеќе да издржиме како на централно ниво, така и на локално. Некаде во 2017ма направивме национални планови каде реализацијата беше мала. Жал ми е што не успеавме сега се прави нова стратегија за Роми и се надеваме дека со новата стратегија ќе дадеме подобри резултати, додава Јашаревски.

Центарот за ромска заедница ДРОМ е формирана во 1997 година. Отогаш досега имаат реализирано повеќе проекти, меѓу кои и изградба на канализација и водовд во одредени делови на Средорек, чистење на речното корито кое се реализира и денеска, поставување на пешачки мостови преку реката Кумановка и многу други помали и поголеми проекти, како на локално, така и на национално ниво.

Од организацијата се заблагодарија на локалната самоуправа, на политичките субјекти, нивните партнери и медиумите со кои имаат соработка во целиот изминат период и изразија желба дека таквата комуникација и соработка ќе продолжи и во иднина.

Коментари

коментар(и)