Тимот ЛОКАЛНИ ХЕРОИ со идејата KupuvajLokalno.mk на гимназијалците Андреј Доневски, Теодор Ефремовски и Теодосиј Лазаревски е селектиран во најдобрите 53 бизнис идеи во Македонија, а во рамки на „Средношколец милионер“.
„Ова е најголемиот натпревар во Македонија организиран од Brainster Next и NU High School Academy, наменет исклучиво за средношколци со една единствена цел: да се пронајдат следните млади претприемачи кои ќе иновираат, создаваат и ќе го менуваат светот. Од вкупно 438 поднесени идеи, тие се издвоија со својата креативност, иновативност и претприемачки дух, што е огромен успех и признание пред сè за нив, но и за нашата гимназија“, објавија од училиштето „Гоце Делчев“.
Сега им е потребна нашата помош и поддршка во следната фаза: сè што треба да направите е да гласате за нивната идеја на следниот линк
„Гласањето е отворено до 16.11. Само 20 тимови со најголем број на гласови ќе продолжат во полуфинале, затоа да гласаме за нашите локални херои, а секако од помош ќе биде и споделувањето на овој пост и линкот за гласање пошироко. Од срце ви благодариме, со заедничка поддршка да им овозможиме да ја претворат нивната идеја во реалност!“, објави СОУ Гимназија „Гоце Делчев“.
