Единаесет претстави годинава на МТФ „Денови на комедија“

Претстави на театри од Македонија, Србија и Бугарија годинава се на репертоарот на меѓународниот фестивал „Денови на комедија“ во Куманово.

Фестивалот, во организација на НУЦК „Трајко Прокопиев“, на 24 септември (вторник) ќе биде отворен со претставата „Вечера за глупаци“ – Театар „Ј.Х. Џинот“ – Велес, а потоа следуваат:

25.09 (среда) – „Секс, лаги и љубомора“ – Народен театар Охрид

26.09 (четврток) –  „Фустанот за бегство“ – Драматично – куклен Театар – Враца, Бугарија

27.09 (петок) – „Аутопут сагбама“ – Позориште „Бора Станковиќ“ – Врање

28.09 (сабота) – „Пар распар“ – Театар Комедија – Скопје

30.09 (понеделник) – „Итроштините на патук“ – Театар Тетово

01.10 (вторник) – „Се бара нов маж“ – Драмско – куклен театар „Иван Радоев“ – Плевен

02.10 (среда) – „Мажи во влечки“ – Театар Куманово (албанска драма)

03.10 (четврток) – „Женидба“ – Народен театар Штип

04.10 (петок) – „Кокошке“ – Народно позориште – Ниш, Србија

08.10 (вторник) – „Ноќ спроти Водици“ – Театар Куманово

Фестивалот ќе се затвори на 09 октомври (среда) кога ќе бидат доделени награди и ќе се репризира претставата „Ноќ спроти Водици“ – Театар Куманово.

Продажбата на билети ќе започне од 20 септември (петок) од 12:00 часот на билетара во Центарот за култура. Цена на билетот е 200 денари.

Сите претстави започнуваат од 20 часот.

 

Коментари

коментар(и)