Едукативни сообраќајни полигони денеска добија основните училишта Кочо Рацин и Толи Зордумис, донација од рафинеријата ОКТА во рамките на кампањата „Јас внимавам“ за поголема свесност за безбедност во сообраќајот. Воедно, на најмалите ученици им беа подарени и боенки со основните сообраќајни правила.
-Голема благодарност до нашиот пријател ОКТА за оваа донација на тема сообраќај, „Јас внимавам “ кампањата , а за вакви надгледни средства мечтаеме одамна особено во наставата целисходно ќе користи во темите за сообраќај и се надевам дека ќе ни послужи во исполнување и реализирање во наставните содржини, изјави Лидија Пешевска, директор на ООУ„Кочо Рацин“
Едукацијата од најмала возраст е услов за почитување на сообраќајните правила и прописи , смета градоначалникот Зоран Дамјановски, потенцирајќи дека треба да се посвети многу поголемо внимание на подигање на свеста на граѓаните за сообраќајната култура.
– Мислам дека на некој начин привлекува внимание кај најмладите и на некој начин сообраќајната култура ја крева на повисоко ниво бидејќи самите сте свесни дека во Куманово и воопшто Македонија ние многу малку внимаваме на сообраќајните прописи сообраќајната култура не е на високо ниво, изјави Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово
Ове не е прва донација од ОКТА за Куманово. Пред неколку години компанијата подари и противпожарно возило на територијалната противпожарна единица Куманово.
