Жител на Отља пријавил дека му се запалило возилото

Жител на село Отља, Општина Липково вчера во СВР Куманово пријавил дека настанал пожар во неговото патничко моторно возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки.

Пожарот бил изгаснат од екипа од Територијалната противпожарна единица Куманово, а повредени лица нема, информира полицијата.

Екипа од СВР Куманово  извршила  увид на место на настанот.