Заврши поставувањето на бекатон на дел од улиците во населбата Карпош, соопштија денеска надлежните од секторот за комунални дејности од општина Куманово. Целосно завршени се уличките „3“ и „33“, останува избраната фирма изведувач да ги завршат дополнителен број на улици во оваа населба како што се улицата „30“ и „52“. За улицата „3“ од општинскиот буџет објавен на електронскиот систем за набавки одвоени се 837.764 денари, а за улицата „33“ 1.089, 268 денари без вклучен данок на додадена вредност. Куманово од буџетот ќе одвои и 1.021. 846 денари за реконструкција на улицата „52“ и 2.753.444 денари за реконструкција на улицата „30“. За поставувањето на бекатон за сите улички во населбата на јавна набавка избрана е фирмата „ИБРО-КОМЕРЦ 21“ од Липково. Најголем дел од овие улици не беа асфалтирани, ниту реконструирани со години и според надлежните се очекува значајно да се подобри безбедноста на пешаците и останатите учесници во сообраќајот во населбата.
Заврши поставувањето на бекатон на улиците во Карпош
