Запалени оџаци во Љубодраг и Романовце

Екипи од територијалната противпожарна единица Куманово изминатото деноноќие регистрирале две интервенции. Првата била околу 09 часот, во село Љубодраг каде гаснеле запален оџак. На интервенцијата учествувале четворица пожарникари со едно противпожарно возило. Втората интервенција била нешто подоцна по 11 часот, во село Романовце, каде исто така гаснеле запален оџак, стои во извештајот од РЦУК.