Зголемени субвенциите за пченица и јачмен

Владата донесе одлука преку интервентна програма да додели финансиска поддршка во висина од 3 денари по килограм на производителите на пченица кои предале пченица кај регистрирани откупни центри.

На истата владина седница се донесе одлука и за зголемување на субвенциите на јачмен по хектар, со што од досегашните 6.000 денари, производителите на јачмен ќе добијат 100 процентно зголемување по хектар, и тоа на 12.000 денари.

Коментари

коментар(и)