Денеска e вториот уписен рок во јавните средни училишта, за осмоодделенците кои не се запишаа на двете пријавувања во јуни. Резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени утре, на огласните табли во училиштата.
Последните години се поголем број на ученици своето образование го продолжуваат во стручните училишта. Дел од нив сметаат дека инвестицијата во дуалното образование е инвестиција во реалниот сектор и можност компаниите да учествуваат во креирањето на потребниот кадар, што е подеднакво важно за економскиот развој на една земја.
Во Куманово, голем интерес годинава има за поновите профили од струките во средното училиште „Перо Наков“.
Повеќе детали за уписите од изјавата на Мила Жибак Димковска, директор на СОУ „Перо Наков“.
