Во просториите на Централниот штаб на Движење ЗНАМ – За наша Македонија денеска одржа прес-конференција Тамара Тренчевска, кандидат за советник на претстојните локални избори. Тренчевска кажа дека во рамки на програмата се предвидени бројни конкретни мерки и решенија за подобрување на квалитетот на животната средина.
„Поставување соларни панели на јавни објекти, енергетски ефикасни фасади, систем за селекција и преработка на отпад, видеонадзор на јавни површини и дигитална контрола на бучава во угостителските објекти, ширење на секундарната гасоводна мрежа, намалување на цената за приклучок на гас, зголемување на буџетот за одржување на хигиената, како и засилени инспекциски контроли и почеста чистота на улиците и речните корита. Предвидена е и замена на старите контејнери со полуподземни системи, поставување дополнителни корпи за отпадоци, како и кампањи за подигање на јавната свест и поголема еколошка едукација кај учениците од најрана возраст“, кажа Тренчевска.
