Зоран Маневски од НСДП е нов заменик-министер на министерството за економија. Тој е избран на функцијата вчеравечер заедно со останатите заменици-министри во Владата, предложени од претседателот Димитар Ковачевски.
Премиерот Ковачевски, во обраќањето порача дека најважно од сѐ е да се работи посветено, стручно и ефикасно.
„ На оваа позиција се нафатив, предложив министри и заменици-министри за да работиме и спроведуваме, за да покажеме резултати и граѓаните да ги ползуваат нашите решенија. Имаме план, со рокови, обврски, носители на задачи и начин за мерења на ефектите врз квалитетот на животот на граѓаните“, рече премиерот Ковачевски.
