Изградено е ново мултиспорт игралиште во с.Клечовце. Поставена е тартан подлога, нови кошеви, а следува поставување на нови голови, објави на социјалните мрежи градоначалникот Максим Димитриевски.
Општина Куманово во 2022 година ќе продолжи да инвестираме во спортот и да гради нови спортски терени за нови спортски генерации, за правилен развој на младите. Оваа година, во општинскиот буџет предвидени се 40.300.000 денари за нови спортски терени и игралишта, објави Димитриевски.
