21 академски скулптор со свои дела утревечер ќе учествуваат на биеналната изложба насловена „Скулптури на новото време“. Скулпторите кои живеат и работат на територијата на Република Македонија имаа можност до петти јули да се пријават за учество на изложбата со три досега неизлагани скулптури. Темата е слободна како и изборот на техниката и материјалот
На изложбите досега се презентирале уметници од повеќе генерации од целата држава, изјави Роберт Цветковски , директор на центарот за култура „Трајко Прокопиев“
Изложбата ќе биде отворена во 20 часот, во фоајето на центарот за култура.
Проектот е подржан од Министерството за култура на Република Македонија, а организатор и координатор на сите активности поврзани со изложбата е центарот за култура„ Трајко Прокопиев“.
Скулптурите освен во Куманово ќе бидат изложени и во други градови во државата.
