Измамен кумановец за 50 долари

Од СВР Куманово информираат дека вчера попладне во 18.00 часот, 67-годишен маж од кумановско село пријавил дека  бил измамен од едно лице за сума од 50 долари. Според пријавеното,  лицето побарало да му размени 50 долари, по што тој му дал денари, а при размената лицето успеало да го измами и да не му ги остави доларите. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија надлежните.