Илиевски: Зелен рид ќе биде чиста и уредена населба

Населбата Зелен рид ќе биде уредена и чиста, нагласи кандидатот за градоначалник од СДСМ, Оливер Илиевски. Тој информираше дека во неговата програма е предвидено на просторот во близина на улицата Мирче Ацев да се изградат две мултифункционални спортски игралишта со најсовремени реквизит. Најави и изградба на детски катчиња и мини парк.

-Игралиштата ќе бидат изградени по сите светски стандарди за играње на мал фудбал, кошарка, ракомет со можност за игра и во вечерните часови. За Куманово како спортски град ваквите инвестиции се од големо значење за задржување на младите тука во Куманово.  Во нашата програма Најдоброто за Куманово го предвидуваме и проектот Мој еколог со кој зелен рид ќе добие професионални еколози кои ќе се грижат за зелената површина и хигиената-истакна Илиевски.

Во програмата рече е предвидена и изградба на тротоари со дрвореди на сите улици во Зелен рид.

-Да ги вратиме населбите во истиот дух како пред неколку години. Нашата програма не е листа на желби туку план за работа во четиригодишниот мандат ние од првиот до последниот ден ќе се посветиме на реализација на сите проекти од нашата програма најдоброто за Куманово-истакна тој.

Илиевски ги повика граѓаните в недела да му ја дадат поддршка.