ВИДЕО: Илиевски: Она што го имаме како квалитет, енергија, младост, желба за победа, ќе го покажеме на терен

Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Марјан Илиевски, кошаркарите Адем Мекиќ и Џејкоб Вајли и потпретседателот на Кошаркарската федерација на Македонија Младен Ѓуроски денеска на прес-конференција одржана во Спортската сала ги искажаа своите очекувања пред почетокот на натпреварите од втората фаза од претквалификациите за Светскиот Куп 2027 година во Катар.

Првиот натпревар против Романија е закажан за утре (сабота), од 20 часот, во спортската сала во Куманово.

„Момците кои се овде се играчи кои со гордост ќе го носат дресот на Македонија, ќе донесат една нова енергија и се надеваме дека пред полна сала каква што очекуваме, ќе го дадат најдоброто од себе“, истакна селекторот Марјан Илиевски.

Кошаркарите најавија добра игра, барајќи од публиката во салата и од целокупната јавност сепак да покажат трпение за овој подмладен состав.