Во периодот од 6 до 12 декември регистрирани сe 2.090 нови позитивни случаи од 34 градови во државата со намалување од 8,1% во однос на минатата недела.
Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје .
Се забележува намалување на бројот на заболени кај сите возрасни групи.
Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 1.136 (54,4%) лица од женски и 954 (45,6%) од машки пол.
Со статус „оздравени“ се стекнале 2.256 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.
Пријавени се 66 смртни случаи во 20 градови во текот на изминатата недела, со намалување од 2,9% во однос на претходната недела. Најголем дел од нив се од Скопје (26).
Во однос на возраста, најголем број (87,9%) од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години, а регистрирани се починати лица и кај возрасната група од 50-59 години (7) и 40-49 години (1).
