Во текот на изминатиот викенд на територија на Куманово спроведени се акциски контроли за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната, како и санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. Притоа, санкционирани се 34 возачи за управување со возило со брзина поголема од пропишаната и 24 кои управуваат возило под дејство на алкохол. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и зедно да придонесеме за посигурни патишта-информираат од полицијата.
Казнети 58 возачи во Куманово
