Кандидатите на СДСМ ги повикаа на дуел противниците

Кандидатите за пратеници од Коалицијата на СДСМ во втората изборна единица вчеравечер одржаа мини митинг пред граѓаните на урбаните заедници „11 Октомври“ и „11 Ноември“ во Куманово.

Во своетоо обраќање пред кумановци, кандидатот за пратеник Максим Димитриевски рече дека цели семејства ја напуштаат државата и не се враќаат назад.

На последната седница на Советот на Општина Куманово излеговме со факт дека во Општина Куманово, деца кои што се родиле пред шест години и оваа учебна 2016-2017 требале да бидат запишани во прво одделение недостасуваат ни помалку ни повеќе туку 286 ученика. Тоа е бела чума во Република Македонија, а таквата чума ја донесе оваа власт предводена од Никола Груевски и неговите властодршци. Куманово и Тоде Мендол никогаш 9 и 10 мај нема да го заборави. Ние ќе ја пишуваме заедно и достоинствено современата и модерна и позитивна историја на Република Македонија.  – рече Димитриевски.

Во настапите, Димитриевски го повика на јвна дебата носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров, додека пак Мирослав Јовановиќ од Српска странка го предизвика Иван Стоиљковиќ од Коалицијата за подобра Македонија и најави мерки за земјоделците.

Во земјоделството Социјалдемократскиот сојуз и нашата коалиција имаат предивдено 160 милиони евра субвенции кои ќе се зголемат, исто така производството на земјоделски производи ќе се откупува по нормални цени, ќе се направат фирми кои ќе ги преработуваат тие производи – рече Јовановиќ.

Во својот настап пред кумановци, Лидија Тасевска истакна дека овие избори се поважни и од рефендуромот за независност на Република Македонија.

Коментари

коментар(и)