Претставници од Мултимедијалниот центар Карпино, Зоран Павловски и Ивица Костовски денеска ги посетија лицата со интелектуална попреченост во дневниот центар „Порака наша“ и им подарија неколку чинии пивтии, подготвени по повод празникот Богојавление- Водици.
Здружението „Карпино” веќе 20 години ја одржува манифестацијата „Пивтијада“ во Куманово и традиционално подарува пивтии на сите корисници на услугите на дневниот центар.
По повод дведецениското опстојување на манифестацијата „Пивтијада“, здружението додели благодарници на своите соработници и поддржувачи на актовностите.
