КК Куманово го совлада Фени Индустри

Кошаркарите на Куманово викендов на домашен терен го совладаа составот на Фени Индустри со резултат 64:60 во рамките ан 12то коло од домашното кошаркарско првенство.

Мечот се одигра во спортската сала на СОУ „Перо Наков“ која има минимален капацитет седишта, а спортската сала во Куманово која не е реновирана со децении започна да се распаѓа. Влагата го оштетила паркетот, а навадно паднал и еден од кошевите. Од управата не успеавме да добиеме одговор, за состојбата, само посочија дека се извршуваат зафати за реновирање кое ќе чини неколку илјади евра.

Кумановци сепак добро го отворија мечот во салата во која ги држат тренинзите, иако поголемиот дел од средбата немаше значителна предност ниту на домаќините, ниту на гостите. Сепак на крајот на првата четвртина семафорот покажуваше позитивен резултат во корист на избраниците на Марјан Србиновски, односно резултат 17:13.

Вторите десет минути од мечот подобри беа гостите од Кавадарци кои реализираа 21 поен, настпорит 15те на кумановци, па на полувреме заминаа со два поени предност, односно резултат 32:34.

Во последниот натпревар од 12. коло на кошаркарскиот шампионат, кошаркарите на Куманово стигнаа до победа на домашен терен против Фени Индустри од 64-60 (17-13, 15-21, 15-15, 17-11). За Фени Индустри денешниот пораз е прв на гостински терен оваа сезона, откако претходно забележаа пет победи во серија.

По кратката пауза, во третатата четвртина кошаркарите на двете екипи имаа ист ефект од 15:15. Најтешка беше последната фаза од мечот, кога на моменти предноста на Фени Индустри одеше и над пет поени, но и период од пет минути во кој не постигнаа ниту еден кош, а кумановци направија серија од 10-0 и водство со резултат 57:52. Во финишот на натпреварот гостите водеа со еден поен, но во пенал завршница сепак триумф обезбедија сино-белите со резултат 64:60.

Со 15 поени во составот на Куманово најдобар беше американскиот плејмејкер Јонел Браун, со два поени помалку капитенот Марјан Јанески, а со 10 поени Милорад Пековиќ. Во составот на гостинската екипа најдобар со 12 поени беше Стајиќ, а со по 9 поени мечот заврши за Марковски и Џекиќ.

Оваа победа ни требаше за да бидеме 100% сигурни по оние несогласувања со МКФ, сега 100% сме влезени во Супер лига и затоа оваа утакмица имаше некоја псоебан важност за нас. Тие дојдоа растеретени, немаа што да изгубат, изиграа доста добар натпревар, а и ние бевме на едно ниво, имавме добра одбрана, малце нападот не функционираше како што треба, многу индивидуални решенија, избрзани одлуки и шутеви имаше, дали нова сала, нов амбиент нешто чудно беше, но најважно ја остваривме таа посакувана победа, одиме во Супер лига, тоа ни беше целта. Сега не чека Супер купот да се подготвиме, одмориме и да дадеме максимум на тој куп – изјави Марјан Србиновски, тренер на КК Куманово.

Ова е прв пораз на гостински терен за екипата на Фени Индустри, а осма победа за Куманово и нови два поени на табелата. Следниот меч во рамките на првата лига, сино-белите го играат на 25ти кога го пречекуваат составот на Вардар, на 22 го пречекуваат составот на Пеќ од Косово во рамките на БИБЛ лигата, а во меѓувреме против Работнички ќе се борат за победа во рамките на Супер купот на Македонија кој ќе се одржи од 17 до 19 месецов.

Коментари

коментар(и)