Колевски: Училиштето „Крсте Мисирков“ работи согласно законот

-Ги разбирам родителите. Не можам да одговарам за она што било минато.

Сега на ниво на државата, како и секоја година по тримесечен истечен договор има оглас, конкурираат повеќе кандидати, а вработени се оние кои што се најдобри.

Она што е мој став натаму е дека една учителка ќе го води истото одделение од прво до петто одделение ( се разбира ако нема боледување или породилно отсуство).

За жал, такви ситуации не можат целосно да се избегнат, изјави попладнево за Телевизија Плус,  Филип Колевски, в.д. директор на ООУ „Крсте Мисирков“, во однос на реакциите на засегнатите родители заради промена на одделенската наставничка на петто А одделение.