Членовите на здружението на граѓани „Коледари“ од Куманово викендов во селото Колитско ги набраа бадниковите гранчиња.
Како што информираат од здружението, програмата за прослава на Бадник е веќе подготвена и се очекува масовно присуство на верниците.
На 6-ти јануари со почеток во 10:30 часот коледарите ќе се соберат во Касапски круг, а еден час подоцна ќе започне литургија во Соборниот храм „Свети Никола“ каде ќе се подели и коледарска погача.
Точно напладне ќе започне коледарската поворка низ улиците на градот, а по половина час ќе пристигне на Градскиот плоштад.