Членовите на здружението на граѓани „Коледари“ в недела во селото Колитско ќе берат бадникови гранчиња.
Станува збор за традиционална манифестација на членовите на „Коледари“, а гранчињата на Бадник ќе се делат на граѓаните на градскиот плоштад и ќе се пали бадников оган .
Традиција на здружението е гранчињата да бидат осветени од свештено лице при самото берење.
„Коледари“ ги повикуваат сите граѓани кои сакаат да присуствуваат, в недела во 10:30 часот да се соберат во Коледарскиот дом во населбата Карпош од каде што ќе се замине кон селото Колитско.
Годинава со манифестацијата ќе се одбележи и 25-годишниот јуби