Во пресрет на 11 Ноември, Денот на ослободувањето на Куманово, вечерта ( 10 ноември – понеделник) на градскиот плоштад ќе се одржи голем концерт на кој ќе настапат Калиопи, Тони Зен, Слаткаристика и Лука Чомбе, информираат од Фондацијата за култура и спорт.
Музичкиот настан започнува во 20 часот, а е во целосна организација на Фондацијата за култура и спорт – Куманово, под покровителство на градоначалникот и Советот на општината.
Инаку, Куманово годинава одбележува 505 години од своето постоење и 81 година од ослободувањето.
